Ти си таа што постојано се едуцира како да биде подобар родител. Се преиспитуваш и често се сомневаш во себе. Прашуваш и си гладна за знаење. Затоа што ти е важно.
Но, што кога од сите страни постојано добиваш контрадикторни совети за родителството? Што ако притисоците и очекувања од општеството само повеќе те туркаат надолу и те тераат да се сомневаш дали си всушност добар родител?
Што кога она што ти лично го чувствуваш дека е правилно за твоето дете, не се поклопува со она што ти го зборуваат? Во глава имаш илјадници прашалници и едноставно не знаеш дали да се слушаш себеси или другите.
Редно време е да се поврзеш со својот внатрешен глас и она што резонира за тебе!
Време е да извлечеш вредност од современиот пристап, но и од традицијата. Да градиш свој пат, во склад со вредностите што ги негуваш.
Токму затоа, 4та година по ред, Конференцијата за Свесно Родителство носи нова доза на искуство што ќе те инспирира, едуцира и ќе ти го даде охрабрувањето што ти е потребно.
Во 5 внимателно осмислени дена, преку предавања од наши врвни едукатори, ќе добиеш многу практични совети, но и искрена поддршка за твојот пат како родител.
Конференцијата за Свесно Родителство е создадена од нас за нас родителите кои сакаат повеќе од „само да се снајдат и децата да ни се живи и здрави“.
Сите ние веќе добро знаеме дека родителството е далеку од лесна задача. Секое семејство си има свој ритам, свои вредности и предизвици.
Но, цврсто веруваме дека кога ја имаш вистинска поддршка, јасност и алатки, можеш да го водиш своето семејство со повеќе смиреност, поголема поврзаност и изобилство од радост.
Без разлика дали си нов родител, искусен татко или мајка, имаш 1 или 4 деца, оваа конференција нуди едноставни и применливи решенија за секој чекор од патот.
Со купување на билет за конференцијата, добиваш:
Сега е вистинскиот момент да вложиш во себе за да бидеш уште поцелосна и пореализирана за своето дете. Затоа што го заслужуваш тоа!
Трансформациски coach
Eдукатор и автор на литература за родители
1. Зошто се тинејџерите такви какви што се
2. Балансирање меѓу автономијата и поврзаноста
3. Практични совети за подобра комуникација со тинејџерот
Автор, NLP Тренер & Coach, Kреатор на кампања #ЛиченИЗБОР
1. Што носиме во нашиот родителски „ранец“?
2. Децата не го слушаат тоа што го зборуваме — тие го живеат тоа што го живееме.
3. Малите корекции со голем ефект: Свесното родителство почнува од мене.
Магистер по специјална едукација и рехабилитација
1. Однесувањето како прв јазик на детето
2. Рани показатели за развојни отстапувања, внатрешни тешкотии и интензивни емоционални искуства
3. Улогата на родителот во препознавањето и дејствувањето
1.Играта како мост кон одржливи вредности –
Како преку симболична, сетилна и креативна
игра, децата природно учат за екологија и
грижа за околината.
2.Поврзување со природата низ секојдневни
активности – Конкретни идеи за надворешна
игра, активности со природни материјали и
семејни ритуали кои ја градат љубовта кон
природата.
3.Родителот како модел и соиграч –
Едноставни, одржливи практики што можат да
се интегрираат во домот, заедно со децата,
на начин што е игрив, реален и инспиративен.
Семеен и системски советник; едукатор за родители според методот на позитивна дисциплина
1. Кога викотниците не тераат и нас да викаме – како да премолчиме и да моделираме смиреност.
2. Кога поголемото дете го задева помалото – како да се „вмешаме без да се мешаме“.
3. Кога играта прераснува во војна – како да бидеме добармедијатор.
Мр.психолог и психотерапевт
1. Како да го вратиме и зајакнеме партнерскиот контакт кога сè се врти околу задачи, обврски и деца?
2. Конкретни начини да останеме поврзани, со малку време, но со многу свесност.
3. Како да комуницираме без борба за признание, дури и кога сме уморни, осетливи и преоптоварени.
М-р по специјална едукација и рехабилитација, семеен системски советник,
основач на Неуроклиник-Центар за здрав раст и развој на деца, млади и возрасни.
1.Развододот и емоциите кај родителите/децата
2.Разводот и однесувањата кај децата
3.Разводот и емоционален безбеден сетинг за децата.
Психолог, семеен и системски советник, Moj психолог, Мама круг
1. Контекстот на модерното родителство и новите услови во кои родителите учат да се адаптираат.
2. Препознавање на заморот и дистинкција од синдромот на прегореност
3. 5 чекори за самопомош и саморегулирање
Претприемач, Основач на платформата Working Mom
1. Како да направиш автоматизација на досадни, рутински
задачи што ти го трошат времено.
2. Како попаметно да управуваш со времето и да ги
намалиш дистракциите.
3. Практични примери како да си ослободиш повеќе
квалитетно време за најблиските.
Системски коуч
1. Судир на потребите на секоја од 3те генерации
2. Како се нарушува и обновува рамнотежата?
3. Кога да се загрижиме и како да делуваме?
Меѓународно сертифициран едукатор за породување и подготовка на родители,
Меѓународно сертифицирана дула за раѓање и дула за постпарум
1. Што се случува со мајката по породување физички
и емоционално?
2. Доењето и поврзувањето со бебето не доаѓаат секогаш
природно и тоа е во ред
3. Како да не се чувствувате преплавени и изгубени во овој
период. Како мајката да се постави себеси на својата
листа на приоритети – без вина.
4. Личниот изглед и тежината не се враќаат веднаш –
и тоа е нормално
Слушај ги сите предавања онлајн и добиј пристап до снимките од настанот во живо неколку дена по одржувањето. Совршено ако не можеш да присуствуваш физички, но не сакаш да пропуштиш ништо важно.
Следи ги сите предавања од првите четири дена онлајн и придружи ни се на петтиот ден во живо во Хотел Мериот, Скопје од 15-20 часот. Идеално за оние што сакаат лична размена, енергија во сала и непосредна поврзаност.
Здраво, јас сум Катерина. Јас сум основачот на NGO GROW, каде нашата мисија е да обезбедиме што повеќе деца и возрасни со вештини за добросостојба. Мајка сум на 3 прекрасни, љубопитни момчиња, кои секојдневно ме предизвикуваат да ги гледам нештата од нова перспектива.
Мојата цел е да имам влијание врз општествените промени и веќе 8 години го користам мојот Инстаграм профил за таа намена. Дополнително, последните 3 години, преку невладината организација GROW, сакам да дадам поддршка на родителите во совладување на животните предизвици, личен развој и едукација.
Се надевам дека ќе ни се придружите на Конференцијата за свесно родителство, каде што и оваа година, ги обединуваме најреномираните експерти од областа на родителството во Македонија, да ни помогнат во подобрување на комуникацијата, разбирањето и растење на идните генерации на деца.
Мама Круг е заедница создадена од мајки, за мајки – посветена на поддршка, едукација и поврзување во сите фази на мајчинството. Нашата мисија е да изградиме безбеден простор каде што секоја жена ќе може да сподели, да учи и да расте заедно со други мајки што вистински разбираат низ што поминува.
Во изминатата година, Мама Круг организираше повеќе од 20 настани во живо, посветени на деца и родители со над 700 учесници – докажувајќи дека кога мајките се поврзани, настанува вистинска сила и промена.
Статистиките велат дека 42% од жените во постпородилниот период се чувствуваат осамено, а 4 од 10 се соочуваат со слични предизвици без да имаат со кого да ги споделат. Мама Круг постои токму поради тоа – како круг на пријателство, поддршка и инспирација, каде мајчинството не се живее осамено, туку заеднички.
Мама Круг е твоето безбедно катче за разбирање, поддршка и искрени разговори.
Тука сме да го споделиме патувањето на мајчинството – заедно.
Конференцијата за свесно родителство ќе се одржи од 01.10. до 05.10.2025
Насоки за тоа како најдобро да ја следиш конферецнијата прочитај тука: 5 Чекори за следење на Конференцијата 2025
Пишете ни mail на support@roditelstvo.mk
Да, креиравме специјална понуда која ги вклучува снимките од Конференциите во 2022 , 2023 и 2024 година. Можете да ја купите тука.
Конференцијата оваа година ќе се одржува онлајн на платформата www.roditelstvo.mk од 01.10.-04.10. и во живо на 05.10. во хотел Мериот во Скопје.
Да, сите снимки од предавањата онлајн како и оние од преавањата во живо во хотел Мериот, ќе бидат поставени на платфoрмата, по завршувањето на секое предавање, а сите учесници на коnференцијата ќе можат со најавување на својот кориснички профил да ги гледаат пропуштените снимки на платформата www.roditelstvo.mk
Конференцијата за свесно родителство е организирана од NGO GROW која има за цел подигнување на свест и поддршка на родители во совладување на животни предизвици, личен развој, едукација затоа што среќен и исполнет родител е еднакво на среќни и исполнети деца, а во иднина среќни, исполнети и остварени возрасни.